Просветарите заслужуваат повисока плата зошто нивниот влог е во иднината на оваа држава, изјави универзитетскиот професор Марјан Петрески во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Пред да се случи ова, имавме зголемување на минималната плата, а тоа дојде од политичко ветување на локалните избори минатата година. Еден од аргументите кога се водеше дебатата околу зголемувањето на минималната плата беше дека ќе настане компресија кај платите и ќе има приближување на попродуктивните и помалку продуктивните, посочи Петрески.

Тој додаде дека вложувањата треба да се направат сега преку образовниот систем за да имаме ефект по одредено време.

Владата првенствено потребно е да биде заинтересирана и за буџетските ефекти од еветуално зголемување на платите кај наставнците. Ако ние не произведуваме повеќе БДП а бараме повеќе тоа е номинален пораст кој укажува дека ќе се доведе до поместување на цените, рече Петрески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.