Според партиски извори од СДСМ, името на екс-градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов е едно од можните имиња за нов Министер за транспорт и врски, пренесе ТВ21.

Шилегов за порталот ниту ја потврдил ниту ја демантирал ваквата вест.

Инаку в среда премиерот Зоран Заев својата оставка ќе ја депонира во Собранието, веднаш по годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Најдоцна до средината на јануари според најавите од Влада, Македонија треба да добие нова Влада на која најверојатно на чело ќе застане Димитар Ковачевски како премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.