Делегација на Владата предводна од министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатуваа во Ротимље, каде ќе присуствуваат на одбележувањето на 15-годишнината од несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски.

„Ве известуваме дека делегација на Владата на Република Македонија, во чиј состав се министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатува во Ротмиље, Босна и Херцеговина на одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Претседателот Борис Трајковски.“, известуваат од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.