Центарот за јавно здравје Тетово во изминатото деноноќие регистрира пет нови случаи на Ковид-19 со што вкупно дијагностицирани во регионот се 1.452 лица.

Од петте нови случаи со Ковид-19, тројца се од Општина Тетово и по еден од општините Брвеница и Желино – информира д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологихја при тетовскиот Центар за јавно здравје.

Според тетовската полиција поради непостапување кон владината уредба за спречување на ширење на Ковид-19 во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на 77 лица во тетовско им изготвени им се прекршочни платни налози.

Во овој период на тетовско седум лица добиле нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.