Претседателот на НСДП и коалициски партнер на СДСМ, Тито Петковски, вели дека ако Заев рекол дека ја примил пораката од граѓаните на локалните избори тогаш ќе мора да внесе промени и во кадровскиот состав и во дејствувањето на владиниот кабинет по проширувањето на мнозинството.

Од ова барање за ново парламентарно мнозинство на пат сме да добиеме пошироко и постабилно мнозинство. Сега сме 60-60, бидејќи Беса настапи како што настапи, ама нагостувањата се дека мнозинството сега ќе стане помногубројно – вели Петковски.

За „Утрински брифинг“. тој вели дека, ако премиерот Зора Заев рекол дека ја примил пораката од граѓаните на локалните избори, тогаш ќе мора да внесе промени и во кадровскиот состав и во дејствувањето на владиниот кабинет по проширувањето на мнозинството.

Додава дека тие што покренаа иницијатива за уривање на Владата имаа шанса сами да ја раководат и да ја управуваат седницата, бидејќи спикерот Талат Џафери го отстапи своето место на заменикот кој е од редовите на Беса. Тие што побараа расправа и гласање не опстанаа и си заминаа. Не гледам причини за драма и згрозување, вели лидерот на НСДП,

Во Уставот местото на пратеникот е централно. Тој ги претставува граѓаните, но во Собранието гласа по сопствено убедување – вели Петковски за потегот на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, оценувајќи дека тука нема простор за создавање драма и згрозеност.

Тој смета дека последниот развој на настаните во земјава ја крена совеста на членките на ЕУ.

Не случајно дојде холандскиот премиер Руте. Самото негово присуство покажа дека нешто позитивно се случува во ЕУ, но секако се и исплашени да не тргне работата на друга страна. Ако не добиеме датум на отпочнување преговори, ќе има повторно разочарување, но ЕУ се мобилизира, ВМРО-ДПМНЕ цело време зборуваа дека ќе го укине Преспанскиот договор, дури и дека ќе го преразгледаат Рамковниот договор, а тоа би предизвикало хаос – вели Петковски.

Тој смета дека по неуспехот на оваа иницијатива за уривање на Владата во наредните 90 дена не може да се покренува ново прашање за доверба, независно од тоа што вчерашната седница не се ни одржа, освен ако тоа не го побараат 61 пратеник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.