„Решавањето на инфрастуктурните проблеми на граѓаните ќе биде мој приоритет. Ќе ги донесеме сите урбанистички планови за градот и населените места што е основа за идниот развој на општината. Ќе изградиме водоводна и канализациона мрежа онаму каде што се уште нема. Ќе ја подобриме сообраќајната инфраструктура во градот и во населените места. Ќе ја подигнеме хигиената во градот на повисоко ниво“, вети Петков.
Петков рече дека се обврзува на изградба на нова индустриска зона за мало стопанство, изградба на нова автобуска станица, изградба на булевар на влезот во Виница, оформување на нова зона за семејни куќи по почетна цена од 1 евро/м2.Исто така вети поврзување на градската канализација и канализацијата во с. Истибања, с. Јакимово, с. Градец и с. Лески на пречистителна станица за отпадни води. Во програмата на Петков се предвидува и изградба на туристичка и викенд населба на планината Плачковица, конечна реализација на проектот затворен градски пазар, уредување на речните корита на Виничка и Градечка река и промоција на проектот за изградба на Спа комплекс во Топлички рид во близина на с. Истибања.
„Време е Виница да одбере реални проекти наместо празни ветувања, способни и исполнителни личности наместо оние кои ги ставаат личните интереси пред вашите. Јас и мојот тим се обврзуваме дека нема да потпаднеме под било какви притисоци и дека нема да се откажеме од нашата визија за подобра и просперитетна Виница. Заедно со вас ќе створиме подобри услови за работа и живот на сите затоа што општина Виница е за сите луѓе“, нагласи Петков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.