Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за неделната емисија „Панорама“ на Бугарската национална телевизија во врска со спорот меѓу Софија и Скопје, изјави дека не станува збор за процес на отстапки, туку за процес на надградба.
Нна прашањето дали Бугарија треба да направи отстапки за Македонија, Петков нагласи дека мошне јасно го изнел она што се следните чекори со соседната земја.
Тој појаснува дека Бугарија ќе ја надгради својата позиција со дополнителни работни групи за економија, инфраструктура, култура, во однос на мерките и политиките за влез и помош, капацитетот на Македонија со цел тие да успеат на направат чекор напред кон влезот во ЕУ.
Новиот бугарски премиер изјави дека Владата си задала рок од шест месеци и затоа тој рок го изнел јасно и категорично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.