Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Лидија Петкоска му порача на министерот за здравство Венко Филипче дека е редно време да си замине.

Петкоска смета дека Филипче е одговорен за 913 нови случаи, 24 починати, за 37 нови случаи во Охрид и тројца починати, но не очекува оставка од него, зашто таа е морален чин. Но, очекува Петкоска, Филипче да си замине заради страв од Божјиот суд и со тоа да го скрати списокот на своите зла за она што нè очекува ако остане каде што е.

ШТО БЕШЕ ТОА ОДГОВОРНОСТ МИНИСТРЕ?!!!

После 913 нови случаи!

После 24 починати!

После 37 нови случаи во Охрид!

После 3 починати во Охрид!

После неодговорноста!

После поигрувањето со човечките животи и судбини…

После…

Не очекуваме оставка:

– бидејќи за оставката се вели дека е морален чин, а такво нешто не очекуваме да поседува некој кому тој морал не му е во референтните вредности!

– бидејќи веќе сме апсолвирале дека нема да поднесеш оставка од морални вредности, па барем замини заради страв од Божјиот суд;

– бидејќи твојата оставка нема да избрише ништо што помина, но ќе го скрати списокот на твоите зла за она што нè очекува ако останеш каде што си…

Кратко и јасно – време е да го примиш ПОСЛЕДНИОТ АПЛАУЗ и да заминеш – ете тоа го очекуваме!, пишува таа на Фејсбук.

ШТО БЕШЕ ТОА ОДГОВОРНОСТ МИНИСТРЕ?!!!

После 913 нови случаи!

После 24 починати!

После 37 нови случаи во Охрид!

После…

Posted by Lidija Petkoska on Tuesday, 3 November 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.