Пркосот е одраз на принципиелност и интегритет а пораката на премиерот, промовирање на сервилност. Оваа трагедија што денес се случува е дело на сите безрбетници што доброволно прифатиле чифлигарство. Ако заради таков пркос тој биде ставен „на тапет“ или разрешен, тоа ќе значи враќање на некои минати времиња и практики, кои немаат место во демократскиот плурализам
Некогашниот прв човек на СКМ-ПДП, Петар Гошев која кратко по неговото заминување од лидерската позиција ја презеде Бранко Црвенковски и таа се преименува во СДСМ, во однесувањето кон директорот на Пазарната инспекција гледа грешка во партијата, но и лично во него. Во изјава за Истражувачката репортерска лабораторија Гошев потенцира дека токму партијата треба да го одбрани, но само ако е вистинска партија, а не акционерско друштво со еден акционер од 98 проценти. На Пауновски пак, му забележува дека при смената на министерот Драган Тевдовски, никој, па ниту тој не се обидел да се спротистави на предлогот за негово разрешување и да застане зад него.

Таа иста партија пред скоро две години не го одбрани министерот за финансии заменувајќи го со срамно решение во споредба со него. Тој министер не беше бранет и од овој функионер што сега е на ред да биде жртва. Најкорисно за општеството е сами меѓу себе да се распаднат како нешто што се нарекува партија. Затоа што оваа трагедија што денес се случува е дело на сите безрбетници што доброволно прифатиле чифлигарство“ вели Гошев за ИРЛ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.