Петар Богојески објави дека е позитивен на Ковид-19.

Тој на својот Фејсбук напиша дека утрово се разбудил со симптоми.

Ве известувам дека заболев од Ковид 19 и започнувам со лекување!
(согласно антиген брз тест – но морам да информирам како превенција).

До вчера доцна бев без никакви симптоми, целосно функционален и енергичен… утрово се разбудив со симптоми…

Ве молам сите вие кои бевте во контакт со мене последните денови да се тестирате и да се заштитите!

Јас ќе направам напор сите поединечно да ги информирам! Ви благодарам! – објави Богојески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.