Пет позитивни случаи на коронавирус се откриени во домови за стари лица во Скопје преку скринингот за ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Станува збор за приватен дом за стари лица кој има два објекти во населбата Ченто и во село Кадино.

Министерот информира дека во едниот позитивни на коронавирусот се две штитенички, а во другиот тројца вработени.

Изанализирани се сите контакти и дадени се решенија за изолација – рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.