Блокирани сметки на повеќе од пет обвинителства во државата. Според информации на „ТВ24“ станува збор за Основните обвинителства во Битола, Тетово, Струга и Охрид, вишото битолско обвинителство.

Меѓу нив е и обвинителството кое гони организиран криминал и корупција, со блокирана сметка од 1 милион денари. Извршителите тропнале на нивна врата. Обвинители кои работат во тие обвинителства тужеле и добиле на суд поради неисплатени додатоци на платата, кои законски им следуваат.

Станува збор за сума од околу 160 илјади евра кои се потребни за да се деблокираат сметките, велат извори на ТВ24 од обвинителството.

Повеќе на ТВ24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.