Во изминатото деноноќие во Тиквешко се регистрирани пет нови случаи на корона вирус.

Како што потврдува за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, станува збор за тројца мажи и две жени, на возраст од 33 до 50 години. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Три од лицата се од Кавадарци, a имале симптоми по контакт со член на семејството кој бил претходно позитивен на Ковид-19.

Двете други лица, од Неготино и Росоман, не знаат од каде се заразиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.