Пет хеликоптери во овој момент ќе полетаат кон Пехчево, соопшти директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Утринава беше испратен само еден со цел да направи извидување на состојбата, а како што напиша на Фејсбук Ангелов, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар.
Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух, напиша на Фејсбук Стојанче Ангелов.
Токму пожарот на Пехчево во овој момент е еден од најсериозните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.