Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска вечерва преку статус на Фејсбук пишува дека Унијата на жени даваат јасна и недвосмислена поддршка за идната градоначалничка на градот Скопје.

-УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ СО ЈАСНА И НЕДВОСМИСЛЕНА ПОДДРШКА ЗА ИДНАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА ГРАД СКОПЈЕ ДАНИЕЛА АРСОВСКА.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседателка, давам јасна и недвосмислена поддршка за идната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска. Поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за Данела Арсовска е показател, за позитивната политика која ја води партијата кон жените во политиката.

На Скопје му треба нешто ново.

На Скопје му треба жена за градоначалник!

#ДанелаЗаСкопје, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.