Како жена, згрозена сум од нивото на говор на премиерот Заев на митингот на СДСМ во Општина Аеродром, вели пратеничката Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Најостро ја осудувам постапката на премиерот, да со правење на гестикулации со раката споменува една жена, која е сопруга и мајка и одлучила да се кандидира за градоначалник на Скопје.

Верувам дека премиерот и СДСМ при потпишувањето на етичкиот кодекс за фер и демократски избори, не мислеа дека ќе водат ваква кампања. Ја повикувам претседателката на форумот на жените на СДСМ Снежана Калевска Ванчева, да ја осуди постапката на премиерот Заев и да застане во одбрана на една жена во политиката.

Ваквите постапки се недозволиви и од причина што во тек е кампања под насловот „Заокружи НЕ за насилство врз жените во политиката”, која кампања верувам дека СДСМ не само декларативно, туку вистински ја поддржува, порача Пешевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.