Младиот пациент Југослав Николиќ, кој вчера почина од корона вирусот, само два дена бил хоспитализиран во Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, велат вработените од оваа институција. За Фактор откриваат дека со последни сили го напишал постот на Фејсбук преку кој барал помош да биде префрлен во приватна болница бидејќи се надевал дека можеби ќе успее да ја преживее разорната болест.
Го донесоа во исклучително тешка состојба. Ние самите бевме свесни дека во нашиот Ковид-центар нема да можеме многу да му помогнеме. Тука нема услови за пациенти со тешка форма на болеста. Праќавме пораки сите до Клиниката за инфективни болести за да го сместиме таму. И успеавме, но за жал, многу кратко потоа разбравме дека Југослав починал, дека не ја издржал борбата, велат од Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ за „Фактор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.