Сега е време за тишина, кратко одговорила Лилјана Тодоровски, пензионерката која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица, по денешниот распит во обвинителството за организиран криминал, објави ТВ Телма.

Како што пишуваа медиумите, парите нејзе ѝ ги исплатил битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, а таа тврдеше дека парите во кеш ѝ биле земени од жена од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски Боки 13.

Тодоровска потврди дека била на распит кај обвинител, но не сподели детали. Распитот бил утрово иако првично бил закажан за петокот кога сведочеше и обвинителот од СЈО Бурим Рустеми.

Досега нема информација каде завршиле парите кои ги подигнала Тодоровска.

Со нејзиното повикување истрагата се сели и во активностите на Меѓународниот сојуз.

Од Обвинителството велат дека распитот на Зоран Милевски Кичеец сѐ уште трае. Кичеец за прв пат се сослушува во својство на осомничен.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.