Сојузот на здруженија на пензионери ќе отвори телефонска линија за пенионерски прашања
Скопје, 30 јули 2020 (МИА) – Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ги информира пензионерите дека од 4 август ќе почне да функционира отворена телефонска линија за пензионерите „Ало, пензионерски прашања“ на која двапати неделно, по два часа пензионерите ќе можат да добиваат одговори на нивните прашања.

 Во услови на пандемија, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија ги информира пензионерите дека од 4 август ќе почне да работи телефонската линија 02 3213 227 „Ало, пензионерски прашања“. Одговорите ќе ги даваат стручни и компетентни лица ангажирани од Сојузот, секој вторник и четврток од 10 до 12 часот, појаснуваат од Сојузот.

Оттаму додаваат дека на овој начин се потврдува грижата за пензионерите со цел да добијат одговори на нивните психолошко-социолошки и здравствени проблеми, или да остварат обична комуникација со што, како што посочуваат, ќе се потврди значењето на разговорот и вниманието неопходно за луѓето во третата доба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.