Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против ковид-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет.
Во име на над 300.000 возрасни луѓе во нашата земја алелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против ковид-19, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет, се вели во денешното соопштение од Сојузот.
Пензионерите, потенцираат од Сојузот, се најранлива категорија бидејќи голем број од нив се со хронични болести и намален имунитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.