Претседателот Стево Пендаровски ја поддржува иницијативaтa на неколку политички партии доставена до неговиот кабинет, а која се однесува за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик.

Иницијативата, како што соопштија од Водно, е во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици.

Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати. Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Македонија, соопштија од кабинетот на Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.