Претседателот Стево Пендаровски попладнево пристигна пред модуларната болница во Тетово каде вчера во ужасниот пожар животот го загубија 14 луѓе.
Во изјава за медиумите тој нагласи дека засега нема индикации дека станува збор за провокација и за намерно подметнат пожар.
Во телефонскиот разговор со словенечкиот претседател Борут Пахор ме праша дали има сомнение дека пожарот е намeрно подметнат за Денот на независноста, но до овој момент како што сум информиран нема индиции дека ова е направено намерно, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.