Во овој момент не се размислува за полициски час во онаа форма каква што имавме пролетта, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност.

Гледам дека станува прашање се поприсутно во јавноста околу националниот локдаун кои некои држави го најавија и тоа луѓето го врзуваат со полицискиот час. Мораме да ги следиме прецизно обврските кои тие земји, Франција и Германија, ги најавија како први во Европа со тоа ниво на лимитирано движење. До овој момент во Европа не постои ниту една држава која на целата своја територија има воведено полициски час како што имавме ние пролетта. Дури и она што се нарекува национален локдаун во Франција и Германија се однесува на ограничено движење од регион во регон“, појасни Пендаровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.