Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на онлајн-дебата на тема „Одлив на мозоци и состојбата со демократијата во Европа“, во организација на Европската младинска мрежа за демократија, а во рамки на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование и Меѓународниот републикански институт.

– Истакнувајќи дека одливот на мозоци е процес којшто не може целосно да биде запрен, претседателот Пендаровски на дебатата рече дека сепак мора да се работи во насока на намалување на бројот на млади кои се отселуваат од земјата. Економската состојба, политичката клима во државите од регионот, партизацијата на институциите и корупцијата, според претседателот Пендаровски, придонесуваат за одлуката на младите луѓе да заминат од своите земји, соопшти Кабинетот на Пендаровски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.