Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук информира за средбата остварена со синот на американскиот милијардер Џорџ Сорос, Александер, во рамките на Париската мировна конференција.
Продуктивна средба со Александар Сорос за време на мојата посета на Париз и размена на мислења за актуелните состојби во регионот. Александар ме информираше за тековните програми на Фондацијата Отворено општество во регионот, со акцент на програмите за поддршка на развојот на младите луѓе, информира кусо Пендаровски за средбата.
Младиот Сорос пред да замине во Париз, освари тајна средба во Охрид со премиерот во заминување Зоран Заев и премиерот на Албанија Еди Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.