Преспанскиот договор бараше огромна храброст и визија, верувам дека тоа го имаат сфатено и во Германија. Нашиот план Б е почеток на преговорите до крајот на годината, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за интернет изданието на германски „Шпигел“.
Германскиот весник интервјуто со Пендарвоски, објавено непосредно пред почетокот на неговата дводневна посета на Германија, го почнува со Договорот од Преспа, за кој вели дека е без преседан во поновата историја на Балканот.
Весникот оценува дека „ниту една земја не го сфати така сериозно како Македонија“ тоа дека „најважниот принцип на политиката на Брисел кон Западен Балкан е мирното решавање на конфликти и регионална соработка“, за што сведочи и „додадената географска одреднца Северна во името на земјата“.
Пендаровски, зборувајќи за одложеното гласање во Бундестагот, во интервјуто настапува нагласено оптимистички во поглед на добивање термин за почеток на преговорите за влез во ЕУ.
Веруваме дека не постојат подлабоки забелешки против почеток на пристапните преговори, туку само технички одложувања. Германија е наш најважен партнер, таа беше еден од актерите на Преспанскиот договор и во Берлин многу добро ја познаваат политичката ситуација во нашата земја, вели Пендаровски за „Шпигел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.