Kабинетот на претседателот  Претседателот посочи дека на денешниот Совет за безбедност една од точките бил и извештајот за тековните процеси на кадровска и техничка екипираност на Оперативната техничка агенција за која директорот на ОТА реферираше до каде е стигнато со просторното сместување, кадровското екипирање, обуката на неопходниот кадар, техничко-технолошката опрема која е неопходна за да ги извршуваат своите задачи и обврски согласно Законот.

„Можеме да констатираме дека во тој дел работите се одвиваат со она темпо кое го посакуваме. Тука имаме дел и странски експерти кои помагаат од самиот почеток на етаблирање на таа за нашиот систем нова институција и можам да кажам дека и нивните евалуации се прилично позитивни и дека ОТА за година и пол колку што постои е веќе на висина на својата задача. Некои поголеми потешкотии во нејзиното работење не се забележани, рече Претседателот Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.