Преку Договорот од Преспа, Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави, вели новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, кој заедно со премиерот Зоран Заев, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ, кусо по завршувањето на вчерашната прес – конференција во штабот на СДСМ говорат за пријателството меѓу двете соседни земји по Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Овој резултат е јасна потврда на мнозинството граѓани и нивната волја да го поддржат Договорот од Преспа и второ ова мнозинство покажано на вториот круг на изборите е јасен глас на мнозинството за нашиот европски тек. Ние можеме да бидеме таму само поддржани од нашите грчки пријатели. И конечно преку Договорот од Преспа, Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави, вели Пендаровски.

Со слична оценка излезе и премиерот Заев.

Се надевам дека пријателството ќе биде сигнал и добар пример за остатокот од светот. Ајде да градиме големо пријателство меѓу нашите две нации, рече Зоран Заев за ЕРТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.