„Тој е апсолутен шампион“. Ова го кажа претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ја работата на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пендаровски ова го коментираше во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Талат Џафери може да го проценувате од денешен аспект, и од аспект пред четири години, и пред тоа кога беше само пратеник.

Го водеше парламентот во промените на Уставот. Мојот став е дека господинот Џафери одлично ја врши професијата. Тоа што тој го прави е неверојатно стресна ситуација е. Јас знам, сум бил пратеник и сум седел во првите редови и знам колку е под голем притисок.

Малкумина тоа може да го издржат. Но, Талат Џафери во таа улога е апсолутен шампион“, коментираше Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.