Првата фаза од процесот на издавање безбедносни сертификати за над 220 функционери и раководители во служби и министерства кои имаат контакт со класифирани информации треба да заврши наредниот месец, најави претседателот на државата Стево Пендаровски, во интервју на телевизија Канал 5, зборувајќи за неговата посета на Брисел.
Во однос на шпекулациите за имиња кои не поминуваат, Пендаровски рече дека станува збор за осетливи безбедносни прашања и не е добро да се шпекулира, ниту за државата, ниту за тие луѓе.
– Тоа не се шпиони, ниту криминалци. Тие луѓе ќе останат во министерствата, каде што се, но на друго работно место каде нема да имаат контакт со класифицирани информации, изјави Пендаровски.
Посочи дека во однос на процентот на лица кои добиваат безбедносни сертификати, нашата држава е во просекот на новите земји-членки во последните десетина-петнаесет години, односно на многу мал процент на луѓе кои отпаѓаат на различно ниво
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.