Претседателот Стево Пендаровски смета дека има целосна логика во воведување на полицискиот час од 22 до 5 часот, бидејќи тоа било на предлог на експертите.
Пендаровски испрати апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките.
Апелирам до целото граѓанство да ги слушаме оние кои се експерти во областа. Конкретно за последнава мерка за полицискиот час, мислам дека прилично релевантно е размислувањето на професорот Даниловски, кој објаснува зошто е од 22 до 5. Рестораните работат до 21 часот и подоцна младите да не се собираат надвор бидејќи малку кој ќе легне да спие до 21 часот – изјави Пендаровски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Според Пендаровски, доколку некој мисли дека министерот за зравство или премиерот или претседателот диктира дали ќе има полициски час во државата или не, се лаже.
Можеби некој пат некоја мерка предложена од Комисијата или е редуцирана според опфатот или времетраењето, но тоа што тие го предлагаат политичкиот фактор до сега без резерва, ако тие таму се собрале, тоа не се политички личности, зборувам за јадрото на Комисијата која има над 20 члена во кои има и директори и експерти кои се признати и познати и немаат партиска припадност. Гарантирам дека ако тие велат дека има логика ова да се направи, мислам дека треба да се следи тоа – изјави Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.