Претседателот Стево Пендаровски од денеска – 17 јуни 2021 година, четврток, ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на Самитот на Претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

Во петок, 18 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски ќе учествува на Анталија дипломатскиот форум кој се одржува за прв пат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. На форумот, претседателот Пендаровски ќе говори на претседателската панел дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“.

Во сабота, 19 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски во Истанбул ќе оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.