Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка по повод Денот независноста на Америка. Тој воедно ја искористи приликата да порача дека Македонија во САД гледа, пријател, сојузник и стратешки партнер.

-Со желби за благосостојба и просперитет, на претседателот Џо Бајден и на пријателскиот американски народ им го честитам 4-јули – Денот на независноста. Во САД освен пријател и сојузник, гледаме и стратешки партнер којшто секогаш ја поддржувал нашата демократија, напиша претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.