Претседателот Стево Пендаровски денеска во телефонски разговор со неговиот австриски колега Александeр Ван дер Белен остро го осуди синоќешниот терористички напад во центарот на Виена и изрази жалење за загубените животи во овој насилнички акт, информираат од Кабинетот на шефот на државата.

Пендаровски упатил длабоко сочувство до граѓаните на Австрија, како и до семејствата на жртвите и повредените.

Претседателот на државата изразил подготвеност за сеопфатна соработка во насока на превенција и пресретнување на радикализмот и тероризмот, мотивирани од верскиот фундаментализам.

Двајцата претседатели оценија дека синоќешниот терористички акт во Виена е напад врз заедничките вредности во кои веруваме и врз нашиот начин на живот, информираа од кабинетот на Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.