Претседателот Стево Пендаровски учествуваше и се обрати на Вебинар на тема „Геополитичките проблеми на Западен Балкан среде Корона криза, Евроатлантска перспектива“ организиран од Алумни асоцијацијата Маршал Центар на Република Македонија, во партнерство со Маршал Центарот од Гармиш и Секторот за јавна дипломатија на НАТО.

Како што наведуваат во соопштението од неговиот Кабинет, Пендаровски истакнал дека пандемијата на Ковид-19 фундаментално го промени целиот свет и предизвика огромен негативен ефект. Пендарвоски го посочил и притисокот врз нашиот здравствен систем, за кој додал „дека беше исто така огромен, но за среќа ние не допревме до горните граници на неговите капацитети и успеавме да избегнеме колапс на националниот систем“.

Говорејќи за предизвиците со кои се соочува регионот, како и ЕУ во услови на Корона-кризата порачал дека регионот има потреба да има европска перспектива, претседателот Пендаровски изразил очекување дека оваа есен ќе се постигне напредок во процесот на пристапување во ЕУ. Според најавите, деновиве, треба да имаме нова Влада од која, додал претседателот, очекува целосно спроведување на ЕУ агендата во клучните области.

Основниот предуслов за успех е да се соберат највештите личности, без оглед на нивната политичка или етничка припадност. Очекувам да видам луѓе со силни проевропски и демократски капацитети, со чисти антикорупциски записи – порачал претседателот Пендаровски.

Тој оценил дека недостатокот на ЕУ перспектива секогаш ги поттикнува алтернативните политички агенди и дека за време на пандемијата видовме многу вакви примери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.