Претседателот Стево Пендаровски не е задоволен од владеењето на правото во Македонија.
Не, кусо истакна Пендаровски во телевизиското интервју на ТВ21.
Бев носител на прва изборна единица, и зборував цело време дека нема правда нема мир, и тоа беше главниот слога на таа Шарена револуција. Но ние ги разочаравме тие луѓе. И треба да преземеме одговорност. Разговарав и со министерот Маричиќ и со вицепремиерот Николовски, и им велам дека во изминатите 30 години супер инфлација од документи. Но, ни треба практична имплементација. Тврдам со години, дека не сме на ова дереџе затоа што немаме добри закони, туку затоа што законот за некого важи, за некого воопшто не важи. Тоа е нашиот проблем, рече Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.