Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.

На 15-от ден од кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Валандово и Гевгелија, а нејзиниот ривал од СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе биде на митинг во Куманово.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места.

Пендаровски ја почна кампањата од Прилеп, Силјановска-Давкова од Охрид, а Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА првиот митинг го одржа во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.