Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина, соопштија од кабинетот на Претседателот.

На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во палатата Маријински, претседателот Пендаровски присуствуваше на прием, приреден од украинскиот претседател Зеленски.

Прославата на 30-годишнината од независноста на Украина се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“ со присуство на над четириесетина делегации од земји и меѓународни организации со стотици странски гости, вклучително и шефови на држави, претставници на странски влади и парламенти, стои во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.