Претседателот Стево Пендаровски до среда ќе престојува во работна посета на Украина, при што ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.
Утре, претседателот Пендаровски ќе присуствува на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина што ќе се одржи на плоштадот на независноста во Киев и на кој ќе се обрати претседателот Володимир Зеленски, по што ќе следи и празнична парада на вооружените сили на Украина.
Во рамки на работната посета, Пендаровски ќе има средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а предвидена е средба и со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет, информираат од кабинетот на претседателот.
На прославата на 30-годишнината од независноста на Украина, што се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“, предвидено е присуство на повеќе од четириесетина делегации од земји и меѓународни организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.