Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски денеска беше на средба во жителите на Јегуновце каде говореше за проектите од неговата програма и за заложбите како врховен командант на Армијата.
Пред граѓаните, Пендаровски рече дека доколку биде избран за претседател ќе се залага за модернизација на Армијата и за обезбедување на европски услови за македонските војници.
Нашата армија е веќе дел од НАТО. Армијата е гарант на суверенитетот, независноста и неповредливоста на територијата на државата. Сите сме горди на нашите војници, тие се најзаслужни за успесите на меѓународните мисии и за поканата која ја добивме за членство во НАТО. Во мојот мандат како претседател, приоритет ќе биде токму Армијата и положбата на војниците, истакна Пендаровски.
Додаде дека процесите за модернизација на Армијата се веќе започнати и се обврза дека во соработка со Министерството за одбрана ќе ги интензивира овие процеси.
Посебен фокус ќе ставам на покачување на платите, домувањето, но и мерките за поддршка на припадниците на Армијата по нивното пензионирање од активна служба во Армијата. Затоа е многу важно започнатите процеси да ги продолжиме, нагласи Пендаровски во Јегуновце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.