Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител укажа дека нашата декларација со ниту еден збор не ја навредува бугарската нација, а нивната е навредлива кон нас на многу точки, дека ние не сме тоа што сме и дека не зборуваме на јазикот на кој зборувам или дека пред 1944 година сме биле нешто друго.
-Она што го зборува Димитров кога вели и јануари, тоа е само зашто не сме сигурни дека во Бугарија ќе има формирана влада. Парламентот сигурно ќе биде формиран до 14 декември, пред Евртоскиот совет. Роковите кај нив се слични како кај нас. Ако некој направи мнозинство, тоа ќе биде во јануари. Но, во јануари се празниците, нема да има никој во Брисел. Инаку, нека стане и повеќе од билатерален спорот, па нека видат и другите европски членки за какви во дел небулозни барања станува збор, велат едни. Ние немаме никаков проблем за да се плашиме од повеќе Европа во спорот со Бугарија, нека има повеќе Европа, но Бугарија инсистира на строга билатерала.Не гледам греда и да се сложиме на едниот или на другиот пристап, но најмалку 11 па и 12 земји во ЕУ не го сакаат тоа. Немаат намера да се занимаваат со билатерален спор. Европа не сака билатерален спор да претвори во паневропски. Вишеградската група вели – не сакаме увоз на чист билатерален спор, нагласи Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.