Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, на 24 и 25 јуни 2019 година ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија, соопштуваат од неговиот кабинет.
Планирано е тој да оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.
За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин, додаваат од кабинетот на Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.