На Велигден двајцата присутни меѓу граѓаните и во посета на повеќе градови низ земјава.

Кандидатот на владејачката коалиција, Стево Пендаровски денеска во Источна Македонија. Во Штип ја посети куќата на претседателот Киро Глигоров, а потоа во Струмица

Кандидатката поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова на средби со кичевчани. Оттаму порача дека Македонија заслужува промени.

„Промена на име и идентитет не е реформа. Ви благодарам на поддршката, очекувам таа да се зголеми на 5-ти мај. Го имате мојот збор дека никогаш нема да ве изневерам. Ќе бидам претседателка од народот, за народот, со народот“, истакна таа.

Попладнево е во Струга и Охрид на средби со граѓани и млади.

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски ја нагласува важност од гласањето в недела велејќи дека овие избори се повеќе од претседателските.

Премиерот Заев очекува в недела граѓаните да излезат на гласање и успешно да се избере новиот шеф на државата. Вториот круг од претседателските избори се одржува на 5-ти мај.

Право на глас имаат 1 808 граѓани, за избран ќе се смета кандидатот кој што ќе добие мнозинство од гласовите од излезените гласачи под услови на избирачките места да излезат најмалку 40 отсто од запишаните во Избирачкиот список.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.