На прашањето во врска со ускратената лекарска помош за Орце Камчев, Пендаровски одговори дека до него не е стигната претставка за овој случај. Претседателот очекува надлежните да го испитаат ова до крај зашто такви аматерски грешки, ако е тоа вистина, не смееме да си дозволиме.

-И покрај пандемијата, бројот на претставки е во благ пораст. До мене нема стигнато претставка конкретно за тој случај. Европскиот суд може да наложи и времена мерка, но од тоа е изземено евентуалното пуштање на притвореникот. Судот може да побара забрзузвање или успорување на постапката. Очекувам нашите органи и Министерството за правда да го испитаат тоа до крај. Ако е така, тоа зборува многу лошо за државата во целина. Освен бугарскиот спор по кој, за жал, станавме познати во цела Европа и во светот, не би смееле да си дозволиме такви аматерски грешки во нашето портфолио уште пред да почнеме да прегвараме, потенцира претседателот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.