Донесов одлука за нова вонредна состојба… вака гласеа објавите на претседателот Стево Пендаровски за вонредните состојби кои ги носеше поради корона кризата.

Но, неколку месеци потоа тој вели дека тие биле донесени со политички консензус. Ова негова рекција следува откако

ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да гласа за потврда на одлуките за прогласување на вонредна состојба во март, април, мај и јуни.

„Претседателот Пендаровски ги донесе одлуките за прогласување на вонредна состојба во врска со пандемијата на КОВИД-19 во согласност со Уставот, врз основа на образложени предлози од Владата во кои беа наведени фактичките услови за нивното донесување, а Собранието беше распуштено, велат од кабинетот на Пендаровски. Од таму воедно се додава дека дополнително, се одржуваа и тематски седници на Советот за безбедност, а во два случаи и средби на претседателите на политичките партии коишто самостојно освоиле мандати на последните парламентарни избори, на коишто се изгради недвосмислен политички консензус за прогласување на вонредна состојба. Во ставот се додава дека Уставниот суд ја потврди уставноста на одлуките што ги донесе претседателот Пендаровски. Потврдувањето на одлуките за постоење на вонредна состојба е во надлежност на Собранието на Република Македонија, се вели во писмениот одговор за коментар за најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласа за потврдување на вонредните состојби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.