Претседателот Стево Пендаровски го прими Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји кој му го предаде Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2020 година.при што двајцата разменија мислења за клучните наоди во објавениот извештај.
Заблагодарувајќи се за ангажманот на комесарот Вархеји и неговата цврста поддршка на перспективата за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, Пендаровски истакна дека Извештајот дава детален приказ на состојбите во државата и степенот на реализација на реформите.
Извештајот на Комисијата дава поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери посочени во документот и претставува чекор кон формален почеток на пристапните преговори за членство за време на германското претседателство со ЕУ, до крајот на годината – истакна Пендаровски.
Претседателот го поздрави претставениот Економски и инвестициски план за Западниот Балкан, што, како што нагласи, има за цел да го поттикне долгорочното економско закрепнување на регионот, што е дополнително отежнато поради пандемијата од Ковид-19, а во функција на забрзување на интеграцијата во Европската Унија.
Со претставениот план се потврдува дека иднината на целиот регион е во Европската Унија, а Брисел јасно демонстрира дека регионот е нејзин геостратешки приоритет – порача Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.