Претседателот на државата Стево Пендаровски утре ќе одлучи дали ќе донесе одлука за продолжување на траењето на вонредната состојба, откако претходно ќе се одржи седница на Советот на безбедност. Лидерска ќе има ако лидерите на најголемите партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги приближат ставовите, велат извори од претседателскиот кабинет, објави „Фокус“.
Како што истакнуваат од таму, одлуката за вонредната состојба ќе биде врз основа на аргументи поврзани со пандемијата со корона вирусот, а не со одржувањето на парламентарните избори.
Претходно, техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека одлуката за продолжување на вонредната состојба ја носи шефот на државата, но воедно додаде дека и владата прави анализа дали има потреба за нејзино продолжување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.