Претседателот Стево Пендаровски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред новинарите рече дека не може да ја коментира содржината на службената белешка од АНБ, врз основа на која еден бизнисмен е во притвор. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пак конечно кон лицата кои раководат со виталните државни институции треба да има некакви консеквенци.

Јас сум од тие неколкумина корисници од државното раководство кој ја добив таа белешка на времето и можам да ви кажам дека примерокот кој е објавен по онаа интерна истрага која ја направивме не е ниту од мојот кабинет излезена, ниту од службите кои се под моја директна надлежност,изјави Пендаровски.

Шефот на државата посочи дека воопшто не му е драго што од такви високо класифицирани документи, независно од нивната содржина, излегуваат во јавност.

Мислам дека тука истрагата треба да покаже како е возможно од еден прилично лимитиран број највисоки државни субјекти, орган во сферата на правосудството и државно раководство како е воопшто излезен тој документ бидејќи тоа не зборува добро. Ние сме една година членка во НАТО и многу ни е битно во сферата, во областа на безбедноста на информации, тие класификувани информации да ги читаат само оние за кои тие се наменети, рече претседателот на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.