За време на посетата на Словачка, македонскиот претседател Стево Пендаровски во книга на впечатоци напишал поздравна порака над објаснувањето на домаќините дека тој е претседател на „северномакедонската република“.

Скандалот го откри партијата Твоја, кои побараа објснување за скандалот од претседателот.


Во врска со реферирањето на претседателот Стево Пендаровски при средбата со претседателката на Словачката Република, Сузана Чапутова во Братислава, од Кабинетот на претседателот појаснуваат дека „напишаниот текст е на словачки јазик и согласно граматичките правила на словачкиот јазик. Впрочем, тие самите својата држава на својот словачки јазик ја нарекуваат „Словенска република”, значи со придавка“.

Пред одржувањето на средбата од страна на протоколот на претседателот Пендаровски е дадена забелешка во однос на начинот на кој е напишано името на Република Македонија, при што од домаќините е добиено образложението за називот на словачки јазик. Сметаме дека не постои никаков превид ниту каква било намера од страна на словачките домаќини, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Пред потпишувањето на договорот со Грција, лингвистите предупредуваа дека во повеќето јазици придавката од Македонија ќе се слее во „северномакедонски“, но од Владата смируваа дека „договорот е јасен“. Ова не е прв инцидент, ниту „граматика“ која само ги потврдува катастрофалните последици од договорот во Преспа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.