Претседателот Стево Пендаровски вчера имаше средба со премиерот Зоран Заев во Вилата на Водно. Како што соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски на средбата премиерот Заев упатил честитки за стапувањето на функцијата и му посакал успешна работа на претседателот.

Тој во неделата се смести на претседателското столче и уште веднаш се фати за работа. На социјалните мрежи претседателот Пендаровски напиша дека целосно го поддржува новиот Закон за спречување на дискриминацијата, во којшто е вклучена и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како едни од основите за дискриминација.

Борбата за еднаквост на сите луѓе независно од нивната определба, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, ја сфаќам како мој политички императив, а не како наметната обврска или единствено како политичка коректност во јавните настапи.

Целосно го поддржувам новиот Закон за спречување на дискриминацијата во којшто е вклучена и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како едни од основите за дискриминација. Со задоволство ќе го потпишам Законот, штом ми биде доставен за прогласување и, и во иднина, ќе ги поддржувам сите законски решенија кои што се во корист на граѓаните, напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.